Просечна нето плата во јуни 26.867 денари, а бруто платата 40.107 денари

Од:

Просечна нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто. Бруто платата, пак, била 40.107 денари што е раст за 7,1 процент.

Според Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната нето плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,7 проценти), Рударство и вадење на камен (15,2 отсто) и Образование (12,6 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1 отсто), Рударство и вадење на камен (6,3 отсто) и Стручни, научни и технички дејности (4,3 проценти).

Растот на просечната бруто плата во јуни 2020 година се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната бруто плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,5 отсто), Рударство и вадење камен (15,9 отсто) и Образование (13,6 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1 отсто), Рударство и вадење на камен (6,5 проценти) и Преработувачка индустрија (4,2 отсто).

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

Мицкоски: Нема да има зголемување на платите на функционерите