Промоција на руско-македонски бизнис каталог

Од:

Во Скопје денеска ќе биде промовиран петтиот по ред руско-македонски бизнис каталог „По еден пат со светот Русија и Македонија“ во издание на Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност.

На промоцијата најавено е обраќање на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Николаевич Шчербак.

– Избраните содржини, илустрации и прикази на шареноликоста на Република Македонија, нејзините традиции, како и многубројните природни и економски потенцијали, изнесени во него, претставуваат одраз на желбата на издавачот активно да учествува во продлабочувањето на традиционалните пријателски односи помеѓу народите на Република Македонија и Руската Федерација. Со тоа се надеваме дека ќе придонесеме и за развој на плодотворни и посакувани бизнис и туристички релации во двете насоки, вели издавачот.

Во тоа, се посочува, имаат поддршка од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Македонско – руската стопанска комора на Република Македонија, градоначалници, бизнисмени и соработници.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски