Промоција на прирачник за општествена одговорност на претпријатијата

Од:

Бизнис Конфедерација на Македонија денеска организира семинар за промоција на Прирачникот за општествена одговорност.

Целта е да се подигне свеста по однос на ова прашање меѓу бизнис заедницата во Македонија, да се отворат и одговорат некои важни прашања за општествената одговорност и да им се дадат подетални информации на претпријатијата.

На семинарот ќе се обратат претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија  Миле Бошков, претседателот на Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпијатијата  Александар Николов, универзитетскиот професор  Владимир Петковски, претседателот на Националниот совет за претприемништво и конкурентност  Горан Лазаревски, претседателката на Здружението на Бизнис Жени  Валентина Дисоска, и  Никица Кусиникова од Здружението Конект и контакт лице на Глобалниот Компакт на ОН во Македонија.

Семинарот ќе опфати повеќе теми од кои голем дел се застапени во прирачникот како општествената одговорност како услов за поголема конкурентност на претпријатијата,  пристапот на женското претприемништво кон општествената одговорност на претпријатијата, презентација на најадекватните интернационални инструменти за општествена одговорност за малите и средни претпријатија и националните иницијативи и за иницијативите на ЕУ по однос на ова прашање.  Исто така ќе се дискутира и за Националната награда за општествено одговорни практики, и ќе се спомене поддршката на Националната награда за општествено одговорни практики преку проектот на Бизнис Конфедерација на Македонија „Корпоративна Општествена одговорност за сите” или „CSRforALL“.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски