Прометот во индустријата зголемен за 12,1 отсто

Од:

Во периодот јануари – август 2018 прометот во индустријата е зголемен за 12,1 отсто во однос на истиот период во 2017 година. Прометот покажува зголемување за 10,1 процент во август 2018 година во однос на август 2017, додека во однос на јули 2018 бележи намалување од 2,9 отсто.

Според Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во август 2018 година во однос на август 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,8 отсто, кај Капитални производи за 23,6 и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 21,8 проценти, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто, кај Трајни производи за широка потрошувачка за 18,8 и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 10,4 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2018 година, во однос на јули 2018 година е зголемен за 0,2 отсто, додека во периодот јануари – август 2018 година, во однос на периодот јануари – август 2017 година за 1,2 процента. На странските пазари, во август 2018 година во однос на август 2017 година зголемувањето е 12,1 процент. Пораст е евидентиран кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,4 отсто, кај Капитални производи за 24,2 и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 24,1 процента, додека опаѓање има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во август 2018 година, во однос на јули 2018 година е помал за 3,7 отсто, додека во периодот јануари – август 2018 година во однос на периодот јануари – август 2017 година се зголемил за 15 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата