Прометот во индустријата во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи раст од 6,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци на домашниот пазар има намалување на прометот за 10 проценти, а на странскиот пазар има зголемување од 9,3 проценти.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 1,1 процент, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,5 процентик.
Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,2 отсто и Капитални производи за 12,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 отсто.
Прометот во индустријата во јануари 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи намалување од 3,6 отсто.