Пролонгиран рокот за поднесување барања за субвенции до 12 јуни

Од:

Рокот за поднесување барања за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството наместо до 15-ти овој месец, ќе се продолжи до 12 јуни 2018 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

За таа цел, во координација со Платежната агенција, МЗШВ ќе изврши измени на Уредбата за директни плаќања 2018 што треба да се донесе на седница на Влада.

– Првично, пролонгирањето на рокот е по барање на сточарите и ветеринарните друштва кои се изјаснија дека нема да имаат време до 15 мај да ја ажурираат бројната состојба на животните во регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство, што е услов за поднесување барања за субвенции говеда, овци и кози. Продолжување на рокот бараа и производителите на лозови калеми, кои посочија дека им е потребно дополнително време за целосно да ја подготват документацијата за субвенции за произведени и продадени лозови калеми, информира МЗШВ.

– Со оглед дека Уредбата за директни плаќања 2018 ги опфаќа сите мерки за субвенции, но и со цел сите земјоделци да имаат еднакви можности и пристап за аплицирање, овој пролонгиран рок важи за мерките за финансиска поддршка за сите земјоделски гранки. Воедно, рокот за аплицирање за субвенции за литар продадено млеко во октомври, ноември и декември 2017 година, наместо до 16 мај, ќе се продолжи до 23 мај, истакнува Министерството.

Според МЗШВ, пролонгирањето на роковите нема да влијае врз динамиката на исплата на субвенциите.

Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно, од страна на барателите. Доколку имаат потреба за помош при пополнување на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство. На веб страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk се објавени упатствата за корисниците, телефонските броеви и електронската адреса каде што ќе може да се поставуваат прашања во врска со апликациите.

– Во овој период треба да се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство (за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади) и за сточарско производство (за одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици, наведува Министерството за земјоделство.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие