Производството на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од годинава е зголемено за 1,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, огревно дрво од иглолисни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки.