Проект за зајакнување на капацитетот на БЈН – Новиот систем ќе сигнализира ризични посапки

Од:

Новиот систем на јавни набавки што ќе почне да се применува од следната година врз основа на индикатори ќе сигнализира на ризик, а управната постапка ќе ја врши Бирото за јавни набавки. Системот што Македонија го воспоставува е софистициран и може да се развива.

Ова беше посочено на денешната презентација на завшувањето на проектот за „Зајакнување на праксата на јавни набавки“ имплементиран од Бирото за јавни набавки и Светска банка, а со кој меѓу другото е направена надградба на елекронскиот систем за јавни набавки и јакнење на капацитетот на Бирото за јавни набавки.

Министерот за финансии Драган Тевдовски оцени дека овој проект и новиот Закон за јавни набавки ќе придонесат за унапредување на целиот систем за јавни набавки.

– Новата управна контрола што ќе ја врши Бирото за јавни набавки во голема мера ќе се потпира на системот за проценка на ризик кој директно произлегува од главната активност на проектот за генерирање индикатори на успешност и ризици, кои во праксата се познати како „црвени знаменца“, рече министерот.

Toj додаде дека се имплементираа модули за електронска жалба и електронска архива што се предвидени како решенија во новиот закон и кои треба значително да ја олеснат неговата примена во овие сегменти што покажуваа одредени слабости во досегашната практика.

Покрај овие решенија, кои се директно поврзани со новиот закон, со проектот се имплементираа и активности во насока на зголемување на конкуренцијата кај оние набавки што се спроведуваат со средства од меѓународни донатори и заемодавачи и кои имаат сопствени процедури за набавки.

– Иако за овие набавки не се применува законот, набавувачите ќе можат да го искористат целиот потенцијал на електронскиот систем за јавни набавки со цел информацијата за тендерот да стигне до сите заинтересирани економски оператори што се регистрирани на системот, појасни минисерот.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели оцени дека т.н. „црвени знаменца“ што ќе го поддржат следењето на системот и ќе алармираат во текот на обработката ќе придонесат за зголемување на транспарентноста.

– Програмата не беше огромна, но беше насочена кон клучните функционалности и го пренесе системот за електронски јавни набавки на наредното ниво, рече Мантованели и изрази отвореност за натамошна соработка во исполнување на оваа агенда.

Диекторот на Бирото за јавни набавки Бардул Насуфи посочи дека се добиени нови функционалности на електронскиот систем за јавни набавки.

– Сите проекти што се финансирани од меѓународни организации можат да ги објавуваат своите тендери на електронскиот систем, иако законот не се применува на нив. Тоа претставува одлична можност без дополнителни трошоци да се публикуваат овие тендери таму каде што е најкорисно и каде секоја заинтересирана фирма ќе ја види можноста што ја има за учество, рече Насуфи.

Тој додаде дека дополнително се инсталира преглед на тендерската документација кој на економските оператори им овозможува да ја прегледаат тендерската документација пред да се регистрираат на системот за да не се изложуваат на дополнителни трошоци доколку сметаат дека условите од постапката не им одговараат.

Појасни дека се олесни и регистрацијата на странските економски оператори на електронскиот систем.

Проект менаџерот Антонија Виачка порача дека Македонија има нови функцоналности со кои се овозможува поголема ефикасност, оценувајќи дека најголемо достигнување е развојот на црвените знаменца и мерењето на перформансите.

– Македонија има софистициран систем кој може и да се развива, посочи таа.

Проектот почна да се реализира во 2016 година и е финансиран од Фондот за грант средства за зајакнување на финансиската отчетност, со кој управува Светска банка. Главен финансиер на проектот е Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години

Ниту едно министерство или општина во земјава нема високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Пад на вредноста на општинските тендери во 2022 година за една третина

Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки на кои имало само една понуда

Секоја втора фирма која учествува во тендери во земјава вели дека има корупција