Просечната плата во декември 23.850 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година изнесувала 23.850 денари и е повисока за 1,7 отсто од декември 2016-та, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата во секторите: Други услужни дејности (9,8%), Преработувачка индустрија (9,3%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,9%).

Зголемување е забележано и во секторите: Информации и комуникации (13,7%), Стручни, научни и технички дејности (10,6%) и Преработувачка
индустрија (10,3%).

Во декември 2017 година, 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ