Продолжува субвенционирањето за сончеви колектори

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција информираше за успешно реализираните мерки во енергетскиот сектор, насочени кон зголемување на енергетската ефикасност.

„Со преземањето на функцијата веднаш се ангажирав за одобрувањето на третиот акционен план за енергетска ефикасност усвоен од Владата, како една од обврските што произлегуваат од Договорот за основање на Енергетска заедница, исполнувајќи една од многуте обврски што ги имаме како држава со овој важен договор. Затоа посветивме посебно внимание на мерките за енергетска ефикасност, од кои придобивките директно веќе ги чувствуваат домаќинствата и кои ќе придонесат и за зачувување на животната средина“, истакна Бектеши.

Со цел стимулирање на користењето на сончевата енергија од страна на граѓаните беше обезбедена поголема финансиска поддршка преку зголемување на буџетот со ребалансот, па за купување и вградување на соларни колектори подддршка годинава обезбедија 1794 домаќинства.

Министерот Бектеши информираше дека со ребалансот на буџетот за 2017 година, согледувајќи ја потребата за алоцирање на повеќе средства за една од мерките – замена на дрвените прозори со ПВЦ или алуминиумски, се обезбедија дополнителни 16 милиони денари, од претходно предвидените за таа намена, со што и бројот на вкупните домаќинства корисници на оваа мерка за 2017 е зголемен на 1.327.

„Со мерките за вградување на соларни колектори и ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе продолжиме и во иднина, а средства за нив се предвидени и во буџетот за 2018 година. Од следната година домаќинствата ќе имаат на располагање дополнителна, нова мерка – за купување на ефикасни печки за греење на пелети, со која ќе се придонесе за заштеди на електрична енергија, олеснување на домашниот буџет и, секако, зачувување на животната средина“, појасни Бектеши.
За овие мерки Министерството за економија предвиде 45 милиони денари субвенции за граѓаните за енергетска ефикасност во 2018 година, а годинешната поддршка за над 3 илјади домаќинства е навремено исплатена.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница