Продолжува падот на цените во Грција

Од:

Потрошувачките цени во Грција во октомври опаднаа за 1,7 отсто, по септемвриското намалување од 0,8 проценти, покажуваат податоците на грчката статистика.

Стапката на дефлација, според индексот на потрошувачките цени во ЕУ, во октомври се зголемила на 1,8 проценти, во споредба со септемвриските 1,1 отсто, иако аналитичарите очекува пад од еден процент.

Грција која со години наназад имаше најголема инфлација во еврозоната, веќе 20 месеци се соочува со пад на цените, намалување на платите и пензиите и долготрајна длабока рецесија.

Дефлацијата беше на највиско ниво во ноември 2013, кога потрошувачките цени се намалија за 2,9 проценти на годишно ниво.

Инаку, инфлацијата во 18-те земји кои како валута го користат еврото, во октомври благо порасна на 0,4 проценти, но таа и натаму е многу под посакуваното ниво на Европската централана банка од оклолу два отсто.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор