Продолжи производството на БМВ мотоцикли

Од:

Германскиот производител на автомобили „БМВ“ денес продолжува со производство на мотоцикли во својата фабрика во Шпандау, пренесе Берлинер Цајтунг.

Повеќе од 2.000 вработени се вратија на своите работни места под засилени мерки на безбедност во единствената фабрика за мотоцикли во Германија, каде производството беше стопирано на 18 март.

Во производните капацитети се инсталираат бариери, ограничен е пристапот до местата за одмор, има налепници насекаде, повикувајќи на метар и половина оддалеченост меѓу вработените. На работниците им се советува да носат маски, а во некои случаи задолжително да ги менуваат најмалку четири пати на ден. За да ги обезбеди маските потребни за работниците, компанијата започна со производство во друга фабрика, со капацитет од 300.000 единици на ден.

Денес, три од петте производни линии во фабриката се повторно отворени, а другите се очекува да бидат во функција во рок од две недели. Сепак, не е познато кога ќе се врати целиот производствен капацитет.

Фабриката обично произведува 4.000 мотоцикли неделно.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on