Продолжена акцијата за бесплатно приклучување кон топлинската мрежа

Од:

Снабдување со топлина Балкан Енерџи (БЕГ) до 30-ти овој месец го продолжи рокот за пријавување за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергиа во Скопје.

Како што информираат од компанијата, во првите 15 дена од почетокот на акцијата, поднесени се вкупно 471 барања за повторно приклучување во системот за топлинска енергија.

– Дополнително, во изминатиот период голем број заинтересирани граѓани се обратија во наплатните пунктови на БЕГ за да ги добијат неопходните информации за начинот како можат да ја искористат оваа поволност, а регистирани се и над 600 јавувања во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-200, велат од БЕГ.

Акцијата, појаснуваат, се одвива по принципот „прв пријавен, прв услужен“ и се однесува само на објектите кои имаат техничка можност да бидат приклучени во системот за толинска енергија во Скопје.

Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на топлинската енергија за домаќинствата се намали за 10,93 отсто, на што претходеше и одлуката на компанијата за продолжено греење во вечерниот период за најмалку еден час, што се дополнителни придобивки за потрошувачите.

Освен домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење до 30 септември важи и за правните лица, кои исто така добија значително намалување на цената на парното греење.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови