„Продис“ почна со извоз на рускиот пазар

Од:

Руско-македонската фармацевтска компанија „Продис“ почна со извоз на рускиот пазар, најпрво на органски и конвенционални цералии „ДанкаД“, а се подготвува и пласманот на органски и билни чаеви „Максан“.

Органските мултивитамини и минерали „БИО Санвит“ ќе се извезуваат во вториот квартал на 2013 година.

– Извезуваме производи чија вредност е 100.000 илјади евра. До крајот на овој месец е предвидено да извеземе производи во вредност од 150.000 илјади евра. Компанијата претставува значајна гринфилд инвестиција за Република Македонија. Работи согласно највисоките стандарди за квалитет, ГМП, ИСО и ХАЦЦП. Со ова можеме да ја означиме и потврдиме успешноста на инвестицијата и воедно, ова би бил додатен мотив за странските инвеститори да го вложуваат својот капитал во Македонија, соопшти денеска „Продис“.

Компанијата, единствена од ваков тип во Македонија и на Балканот, е дел од рускиот фармацевтски холдинг „Протек груп“. Почна со работа на 31 октомври лани како една од производствените фабрики во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик.

„Продис“ чие отворање беше највено како инвестиција од 8 милиони евра, креира високо-квалитетна палета конвенционални и органски производи, чаеви, пченкарни снегулки и мусли, конвенционални витамински препарати и хомеопатски лекови и козметика. Пласира палета производи кои ги задоволуваат потребите на модерниот човек, а воедно се прилагодени на условите на современиот живот и лесно достапни за потрошувачите ширум светот.

„Протек груп“ е еден од најголемите фармацевтски холдинзи во Русија што се занимава со производство, дистрибуција и трговија на лекови и козметика. Вработува 12.000 луѓе и има годишен обрт од четири милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана