Продажбата на реклами на Гугл му донесе на Алфабет рекордна заработка во третиот квартал

Од:

Матичната компанија на Гугл, Алфабет ја зголеми продажбата на реклами на популарниот пребарувач во третиот квартал, успешно надминувајќи ги новите ограничувања за следење на мобилните корисници и искористувајќи ја континуираната популарност на онлајн купувањето.

Гугл продава најмногу онлајн реклами со помош на пребарувачи, видео услуги на YouTube и партнерства на интернет, а побарувачката за неговите услуги се зголеми во пандемијата во 2020 година бидејќи луѓето поминуваа повеќе време на интернет.

Приходите од реклами на Гугл се зголемија за 41 отсто во периодот од јули до септември, на 53,1 милијарди долари. Вкупниот приход на Aлфабет беше 65,1 милијарди долари. Нето добивката на Aлфабет се зголеми за 68,7 отсто, на 18,936 милијарди долари и е најголема од основањето на компанијата. Оперативниот профит се зголеми речиси двојно, на 21 милијарда долари.

Приходите од Гугл Cloud, кои заостануваат зад Амазон и Мајкрософт во однос на пазарниот удел во услугата облак, ги зголемија приходите за 45 отсто, на 4,99 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Google Street View повторно на улиците на Северна Македонија

A1on

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

Компанијата-мајка на Гугл има најдолг период на раст на вредноста на акциите од 2009 година

Ана Ололовска

Италија го казни Гугл со над 100 милиони евра

Ана Ололовска

Пандемијата драстично ги зголеми приходите на Гугл остварени од дигитално рекламирање

Ана Ололовска

Гугл инвестира милијарда долари во зделки со медиумски партнери

Ана Ололовска