Продажбата на електромобили во ЕУ лани двапати поголема

Од:

Во Европската Унија лани биле продадени над 290.000 електрични автомобили, речиси двојно повеќе отколку во 2018 година, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (AЦEA).

Тоа значи – поголема продажба за 93,8 отсто. Холандија со 67.695 продадени возила и Германија со 63.491, се водечки земји на европскиот пазар за електромобили.

Исто така, продажбата на хибридни автомобили се зголемила за 50 отсто, на 465.026 возила, додека продажбата на хибридни автомобили со полнење, се зголемила за 13,9 отсто, на 174.103 возила.

Во меѓувреме, продажбата на дизел-возила падна за 13,9 отсто, на 4,65 милиони продадени автомобили.

Бензинските автомобили останаа најпопуларен вид возило во ЕУ, така што продажбата и се зголеми за 5,2 отсто, на 8,96 милиони возла. Нивниот пазарен удел се зголеми за повеќе од два процентни поени, на 58,9 проценти.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on