Продажбата на автомобили во ЕУ во март преполовена во однос на минатата година

Од:

Побарувачката за нови автомобили во Европа е преполовена во март, соопшти денеска Асоцијацијата на европски производители АЦЕА, укажувајќи на тешките последици од пандемијата на Ковид-19 во автомобилската индустрија.

Во 26 земји на Европската унија ( без Малта, за која нема податоци) регистрирани биле вкупно 567.308 нови автомобили, што е 55.1 отсто помалку отколку во истиот месец минатата година.

Падот е речиси седум пати поголем отколку во февруари, а резултат е пандемијата на Ковид-19 заради која повеќето пазари се блокирани од средината на минатиот месец, а специјализираните продавници се главно затворени, посетува АЦЕА.

Меѓу водечките европски пазари најголем пад во побарувачката за автомобили е регистриран во март во Италија, земјата која во тоа време бележеше најтешки последици од пандемијата во Европа, воведувајќи строги мерки на изолација. Побарувачката за автомобили во оваа земја потона за 85, 4 отсто. Слично минаа и Франција и Шпанија, со 72,2, односно 69,3 отсто. На најголемиот европски пазар за автомобили, германскиот, побарувачката е опадната за 37,7 отсто.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on