Пробиштип набави две електрични машини за чистење од БРАКО – градот инвестира во еколошко одржување на урбаната хигиена

Од:

Општина Пробиштип од октомври се придружи на големото семејство на општини и градови на светско ниво, кои ја одржуваат градската хигиена со возилата на БРАКО од линијата Грин Машинс.

Набавени се две возила од електричниот модел 400 ze, лесни за управување, софистицирани и опремени со најсовремена технологија, тивки при работата, еколошки и исклучително ефикасни во градски средини.

Стручниот тим од Грин Машинс ги обучи лицата од јавното комунално претпријатие кои ги презедоа машините и кои ќе ги оперираат, со што веднаш ќе можат да се видат ефектите од нивниот ангажман на улиците на Пробиштип.

Ова возило е едно од најбараните од својата категорија во целиот свет, а развојниот инженерски тим во БРАКО и Грин Машинс го има иновирано и во него го има вградено најсовремениот систем за рециркулација на воздухот, со кој се зголемува вмукувачката моќ и се овозможува собирање и филтрација на правот и на најситните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички.

Моделот 400 ze e особено атрактивен затоа што овозможува прецизно рачно управување и со тоа лесна манипулација со возилото и пристигнување до тешко достапни локации, како и одржување на хигиена во тесни улички, пешачки патеки, паркови, трговски центри, аеродроми и други локации каде има голема фреквенција на луѓе и поставени апликации долж патот.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Возилата грин машинс на БРАКО на саем во САД

Феро Инвест/Централ Инвест и БРАКО се вклучија во чистење на велешкото езеро Младост – цистерните на Биогасната електрана Биоентерпрајз за еден ден извлекоа 60 тони од штетната материја од езерската површина

ВИДЕО: Новото електрично возило „ГРИН МАШИНС” На БРАКО претставено во Минхен

Брако ќе промовира ново електирчно возило на саем во Минхен

Предраг Петровиќ

Грин машинс на „БРАКО“ склучи соработка за продажба во Мексико со мексиканскиот застапник „Мегамил“

Раст од 40% на продажбата на возилата Грин Машинс на БРАКО во 2023 година