До 15 март годинава земјоделците и новите земјоделски фирми ќе мора да се запишат во Регистарот за земјоделски стопанства ако сакаат да добијат субвенции.
Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ваква обврска имаат и оние што направиле промени во сопственичката структура.
– Привршува рокот за запишувањето на новите земјоделци во Регистарот на земјоделските стопанства. Крајниот термин е 15 март. Запишувањето е еден од условите за добивање субвенции, но мора да се евидентираат и промените во сопственичката структура, велат од МЗШВ.
Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.