Еден од најпопуларните автомобили на сите времиња доби нов наследник, Шевролет ја претстави седмата генерација на Корвета на отворањето на Саемот на автомобили во Детроит.
Новата Корвета е најмоќната досега со 450 коњски сили, кои ги произведува новиот ЛТ1 В8 мотор со забрзување од 0 до 100 километри на час за помалку од четири секунди.
Шевролет смета дека новата седма генерација на Корвета претставува голем технолошки скок во однос на претходните модели, поради што ја нарече „Корвета Стингреј“ по легендарниот „Стингреј“ од 1960 година.
Освен новиот мотор Корвета Стингреј ќе има и седумстепен ТРЕМЕЦ мануелен менувач со систем кој овозможува точно менување на брзините. Исто така, достапен ќе биде и шестстепен автоматски менувач.
Внатрешноста е целосно изработена од кожа, алуминиум и карбонски детали, а возачот ќе моде да одбере една од дури 12 различни конфигурации на возење, меѓу кои се Еко, Спорт, Трак и други.