Пријавување на производство на тутун за 2017 до 31 март

Од:

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Делчево во тек е пријавување на производството на тутун за реколтата 2017 година.

Како што истакна раководителот на ПЕ на МЗШВ, Блаже Костадиновски, тутунопроизводителите треба да го пријават планираното производство за годинешната реколта заклучно со 31 март оваа година.

– Тутунопроизводителите потребно е да го пријават годинешното производство на тутун за да добијат евидентни листови од ПЕ на МЗШВ. Со овој евидентен лист, тие потоа ќе можат да склучуваат договори со откупните претпријатија. Пријавувањето на тутунопроизводството е до 31 март, а по овој рок, нема да се издаваат евидентни листови, потенцираше Костадиновски.

Тој додаде дека лицата тутунопроизводители кои не се регистрирани во Едниствениот регистер за земјоделски стопанства, прво, треба да се регистрираат во ПЕ, за да добијат евидентен идентификациски број, по што ќе можат да го пријават планираното производство на тутун.

Костадиновски информира и дека во тек е уписот на промените во Единствениот регистер на земјоделски стопанства кое трае до 15 март оваа година.

– Пријавувањето за субвенции за растително производство ќе се цени со состојбата до 15 март до кога е потребно земјоделците да ги пријават сите промени за нови земјоделски површини, доколку тоа не го направат, промените по овој рок нема да се земат предвид за субвенции, истакна Костадиновски.

Инаку, во делчевско од ланската реколта на тутун од сортата „прилеп“ и „јака“ се откупени 26.232 тони тутун, а површинте засадени со тутун изнесуваат 14.54 хектари.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше