Приходите во домаќинствата во Бугарија се зголемија за 16 проценти

Од:

Приходот по домаќинство во Бугарија во четвртото тримесечие од минатата година се зголемил на 592 евра, што претставува зголемување од 16,1 отсто во споредба со 2012 година, соопшти националниот Институт за статистика.

Заработувачките на вработените сочинуваат 52,2 отсто од приходите на домаќинствата. Просечната заработувачка во истит период исто така се зголемила и тоа за 18,9 отсто на годишно ниво, така што изнесува 309 евра.

Пензиите учествуваат со 25,1 отсто во вкупните примања, а износот на просечната пензија е непроменлив, односно 148 евра.

Трошоците на домаќинство меѓутоа се згоемиле на 542 евра, што е зголемување од 13,4 проценти на годишно ниво. Трошоците за храна и комуналии чинат 52,3 отсто од вкупните.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна