Приближно една третина од граѓаните на ЕУ немаат заштеди

Од:

Приближно една третина од граѓаните на Европската унија немаат заштеди, а половина од граѓани на Италија и на Шпанија сега живеат со „парите за црни денови“, заштедени претходно, покажа истражувањето на Би-Би-Си.

На прво место по бројот на граѓани со заштеди е Луксембург (89 отсто), а на последно е Романија (48 проценти).

Приближно половина од граѓаните на ЕУ (49 проценти) изјавуваат дека можат да живеат со своите лични средства едвај три месеци, ако престанат да добиваат други приходи. За други 47 проценти од Европејците нивните заштеди нема да им стигнат дури ни за едно тромесечје.

Најзадоволни од големината на своите банкарски сметки се луѓето во Холандија и Германија, соодветно 47 и 46 проценти од вкупниот број на населението.

Најнезадоволни се Чесите (38 проценти), следени од Италијанците и Шпанците (36 проценти).

Во моментов Европејците се принудени да ги ограничуваат своите трошоци. Така на пример, две третини од граѓаните на ЕУ се жалат дека за една третина ги намалиле своите трошоци за облека, козметика и културен живот и забава. Нивните расходи за образование и медицински грижи, меѓутоа, останале практично на нивото до кризата.

Истражувањето е направено на нарачка од холандската банка ИНГ и од германската агенција ТНС.

Би можело да ве интересира

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Муртезани: Одличен е моментот како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Горан Наумовски

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил