Претставување на концептот на Овластен економски оператор пред бизнис секторот

Од:

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Царинската управа на Република Македонија, организира настан на тема „Овластен економски оператор – нов тренд во царинското работење, предизвици, искуства и поедноставување на царинското работење“.

На настанот е најавено обраќање на директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и претседателката на ССК.Данела Арсовска.

Целта на настанот е промовирање на концептот на „Овластен економски оператор“, пред компаниите членови на Сојузот, презентирање на неговата тековна примена, со осврт кон предизвиците, придобивките и досегашните искуства.

Концептот на Овластен економски оператор е еден од инструментите за олеснување на трговијата. Последните измени на Царинскиот закон, се однесуваат и на критериумите за издавање одобрение за овластен економски оператор кои се целосно усогласени со националните прописи и одредби за ОЕО на Царинскиот закон на Европската унија. Успешноста на примена на концептот зависи од интересот на компаниите да го применуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он