Претставништвото на германските комори прерасна во Делегација

Од:

Претставништвото на германските комори во Македонија по 17-годишно делување во земјава од почетокот на 2017 прерасна во Делегација. Одлуката ја донесе Берлин по детално оценување на работата на Претставништвото на германските комори во Македонија во изминатите години, велат од организацијата.

Оттаму посочуваат дека во 2000 година кога беше отворено Претставништвото во Македонија работеа 15 германски компании во форма на трговски претставништва, во меѓу време оваа бројка се зголеми за десет пати, но исто така во изминатите години расте и бројот на директни германски инвестиции.

– Најголема заслуга за овие позитивни промени се препишува на Претставништвото на германските комори во Македонија кое правеше постојани напори за поддршка и јакнење на македонско-германските стопански односи, вклучувајќи ја и поддршка на германските инвеститори кои доаѓаат на македонскиот пазар и нивно комплетно етаблирање тука, воедно и воспоставување на деловни контакти со македонските компании, велат од Делегацијата на германските комори во Македонија и додаваат дека германските компании кои се присутни на македонскиот пазар вработуваат околу 20.000 лица.

Делегацијата на германското стопанство во Македонија, потенцираат, оваа недела доби и нов директор, Патрик Мартенс, кој ја превзема функцијата од досегашниот директор Мартин Кнап. Кнап ја раководеше канцеларија во Македонија од Белград, сега за прв пат Берлин испраќа директор кој ќе биде надлежен за Македонија и ќе ја извршува својата функција во Скопје.

Патрик Мартенс има 20 годишно работно искуство во германските комори. Тој својата кариера ја започнал во Бразил, ја продолжил во Саудиска Арабија и Иран на функцијата заменик директор, а во Македонија пристигна од Гана каде што последните 11 години беше директор на канцеларија.

Делегацијата на германското стопанство во Македонија оваа година ќе добие и експерт задолжен за дуално образование, кој ќе го пренесе германското искуство во образовниот систем во Македонија. Оваа иницијатива е поддржана од Министерството за стопанство на Сојузна Република Германија.

Трговска размена помеѓу Македонија и Германија во 2015 изнесува 2,5 милијарди евра со тоа Германија и понатаму останува најважниот трговски партнер на Македонија.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал