Препукувања и обвинувања меѓу власта и опозицијата на амандманската расправа за намалување на ДДВ за електрична енергија

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа по Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кој се предлага годинава да има намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти.

Не беше прифатен амандманот со кој се бараше намалувањето да се однесува и за компаниите и индустријата, а не само за домаќинствата на регулираниот пазар.

Расправата помина во меѓусебни препукувања и обвинувања на власта и опозицијата во чие време цената на струјата била поскапа и кога енергетските компании во државна сопственост имале поголеми загуби.

Амандманската расправа, според најавите, продолжува утре.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство