Премиерот Заев оствари средба со компании од Израел и Косово, заинтересирани за инвестирање во Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари средба со претставници на компаниите Devoli Group од Косово и OAPI Ltd од Израел.

Претставниците на компаниите пред премиерот и министерот ги презентираа своите планови за инвестирање во Македонија, во областа на земјоделството, сточарството, месната и месо-преработувачката индустрија.

Премиерот Заев, ја поздрави заедничката иницијативата на двете компании и истакна дека ги поддржува нивните иницијативи за преземање понатамошни чекори во продлабочувањето на комуникацијата со економските тимови и тимовите на соодветните институции на Република Македонија, со цел, навремено, детално и професионално постапување во насока на изнајдување на најдобри можни решенија за реализација на нивните планови за инвестирање.

Тој, исто така потенцираше дека зголемениот интерес за инвестирање е резултат од новите економски мерки на Владата, кои привлекуваат инвеститори од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху вети дека ќе им се одмазди на јеменските Хути

Штрајк на наставниците во Тел Авив, судот го ограничува времетраењето на прекинот на работата

(ВИДЕО) Балистичка ракета го погоди аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, има повредени

Горан Наумовски

Израелската влада го повика Катар да „престане да си игра игри“ и со Израел и со Хамас во преговорите

Израелската армија мобилизира резервисти

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени