Премиерот Заев на средба со КСС: Заложба на владата е јакнење на синдикалното движење

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска остварија средба со претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралковски и други претставници и претседатели на гранкови синдикати членки на КСС.

На средбата беа потврдени заложбите на владата за овозможување на услови за јакнење на синдикалното движење во Република Македонија и се разговараше за надминување на состојбите со кои се соочуваат синдикалните организации.

Премиерот Заев посочи дека синдикалното организирање на работниците и функционирањето на синдикатите треба да се одвива непречено во услови кои овозможуваат слободно делување во интерес на работниците и работничките права.

Во функција на заштита и унапредување на работничките права беше изразено уверување дека дијалогот и разговорите на Владата на Република Македонија со синдикалните организации ќе продолжат до изнаоѓање на решенија за посочените проблеми.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами