Премиерот очекува во вториот квартал да имаме висок раст на БДП

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски очекува според последните индикатори во економијата во вториот квартал да има висок раст на домашниот БДП.

– Сите индикатори што се објавуваат за првиот месец од вториот квартал се вонредно високи, тоа е четврти квартал од оваа Влада, што може да укаже на тоа дека состојбата е стабилизира во рамките на нула, не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за последните податоци од Државниот завод за статистика за состојбата во прометот во индустријата.

Мицкоски посочи дека има раст во преработувачката индустрија од околу 6, 6 проценти, како и дека расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар.

– Покрај растот на трговијата во индустријата од шест проценти она што мене ме радува е што расте преработувачката индустрија од 6, 6 проценти, расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар значи извозот тоа е многу важно за прометот и тој многу повеќе расте од домашниот, домашниот има мислам има околу 1,5 пад, додека пак растот на прометот на трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 проценти. Да не го заборавиме параметарот издадени одобренија за градење во ноември има 38, 9 проценти повеќе во однос на лани во април. Туристите се некаде 20-тина проценти, рече Мицкоски кој присуствуваше на манифестацијата „Од нива до трпеза“ во Општина Аеродром.

Тој оцени дека ова се охрабрувачки сигнали, и рече дека воедно е забележан и раст на кредитите од страна на правните лица.

– Растот на кредитите, исто така од страна на правните лица е поголем за инвестиции во основни средства околу 16 проценти и ова се параметри кои укажуваат дека во вториот квартал би требало да имаме еден извонредно висок раст на БДП. Да не бидам погрешно сфатен кога зборувам за БДП зборувам за нашиот не зборувам дека нашиот по куповна моќ или волумен на пари е трет или четврт, но кога зборуваме за раст процентуално во однос на нашиот тогаш ние во првиот квартал бевме четврти во Европа, а ако продолжат овие трендови можеме да бидеме некое место погоре, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, 3.296 се од млади лица под 29 години, што посебно радува

Се прави естрада, не треба да се посветува внимание, Мицкоски за случајот „Аца Лукас“

(ВИДЕО) Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Само ако сме обединети во почит, доверба и одговорност ќе можеме да постигнеме резултати

А1он

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка

ВИДЕО: Од 3.000 сакаат да земаат 5.000 евра плата, Мицкоски за судиите