Преку ИПАРД 3 стопроцентна поддршка до максимум еден милион евра за проекти на руралните општини

Од:

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски информира дека активно се работи на акредитирањето на новата ИПАРД 3 мерка, која ќе биде наменета исклучиво за руралните општини. Мерката е наречена Рурална јавна инфраструктура и предвидува поддршка на проекти изготвени од руралните општини за улици, патишта, водоводи, канализации, партерни уредувaња, културни домови, детски игралишта, паркови,… За овие проекти, како што рече Бачовски, општините ќе добијат 100 отсто финансиска поддршка од сумата на инвестицијата, но не повеќе од еден милион евра.

-Корисници на мерката би биле директно локалните самоуправи, а целта е да се овозможи повик на кој ќе се јават со конкретни проекти. Рамката е доста широка. За жал, нема да им дадеме пари на Центар или Аеродром, но, за среќа, на повикот ќе може да се јават исклучиво рурални општини, кои не надминуваат 30 000 жители согласно последниот попис, објасни Бачовски кој учествуваше на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“ што се одржа утрово во рамки на конференцијата „Година на европски можности“.

Би можело да ве интересира

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Средба Николовски – Кошарац: Подготвени сме нашето позитивно искуство со ИПАРД програмите да го споделиме со БиХ

Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3

Младите земјоделци во фокусот, над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Можностите и критериумите за користење средства од ИПАРД 3 претставени пред стружани

Димковски: Започна ИПАРД 3 програмата, 97 милиони евра од ЕУ за модернизација на македонското земјоделство