Вкупно 64 барања за обесшететување доставиле земјоделците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане до Подрачната единица на Министерството за земјдоелство, водостопанство и шумарство до вчера, кога заврши предвидениот рок.
Соглсно барањата, најмногу оштетувања од пролетните мрзеви кои ја зафатија Македонија на 21 и 22 април има на овошните и лозовите насади.
– Проценката се уште трае, бидејќи се уште не е завршен увидот на терен, изјави раководителот на Подрачната единица на МЗШВ Насер Даути.
Оштетувањата се 10 до 100 проценти кај дел од лозовите насади, зависно од местоположбата на парцелата и изложеноста на ветрови. Најоштетени се лозите насади во селата Романовце, Агино, Четирце,…, речиси во сите реони во трите општини.
Од овошките, најоштетена е сливата каде пролетните мрезеви речиси 100 процентно се уништени и од зимскиот мраз, а допочнително и од пролетните мразеви.
Оштетувања има кај оревите, кајсиите, вишните.