Прегратката од копното-мајка

Од:

Економист – Лондон

Половина година по продемократските протести кои со недели го тресеа Хонг Конг, економијата на градот – зависно од која перспектива гледате – почнува да страда од последиците или продолжува да живее како ништо да не се случило.

Приказната за два пазари на недвижности фрлаат светлина на ова. Од едната страна на спектарот се просторите за продавниците на мало. Тешко погодени од немирите преку забавување на растот на приходите од посетите од копното, се очекуваше наемнините за продавниците годинава да паднат и до 20 проценти.

Од друга страна се канцелариите. Охрабрени од серија нови финансиски врски со копното, има се помалку слободните канцеларии во шумите од кули од стакло и челик во Хонг Конг, уште од зенитот на глобалната економска криза.

Заедничката врска е евидентна: повеќе од кога било, уште од крајот на британското владеење во 1997 година, економската судбина на Хонг Конг зависи од копното (татковината) Кина.

Тоа што Хонг Конг е толку испреплетен со остатокот од Кина можеби не треба да изненадува. По се, тоа е град од седум милиони жители кој е контролиран од држава со 1,3 милијарди население. Но, исто како што е администриран како посебен политички систем, Хонг Конг одамна одржува мерки на економска дистанца од копното. Валутата таму се уште е врзана со доларот, а не со јуанот, па така американските каматни стапки, наместо кинеските, се тие кои ја одредуваат цената на хипотеките.

Како порта за глобалната трговија, растот на Хонг Конг зависи повеќе од американските и европските побарувачки за страснки стоки, отколку од релативно малиот апетит на копното за увоз. Барем до 2012 година, американската, а не кинесата економија, имаше огромно влијание врз подемите и падовите во бизнис круговите во Хонг Конг, велат претставнци од ММФ.

Но, со текот на времето, економијата на Хонг Конг беше привлечена во орбитата на Кина. Најочигледно е влијанието и на парите на посетителите од копното. Внатрешниот удел на вкупни странски директни инвестции во Хонг Конг порасна од едвај една десетина на крајот од 90-те, на речиси две петтини денес. Ако на тоа се придодадат и компаниите од копното кои се регистрирани на Британските девствени острови и на Кајманите, таа бројка ќе биде уште поголема.

Консултантската куќа ЦБРЕ оценува дека окупацијата на фирми од копното на ексклузивни канцеларии во големите бизниси реони во Хонг Конг пораснала од 12 проценти во 2008 на 19 проценти минатата година.

По улиците и во метрото очигледно е сеприсуството на џагорот на мандаринскиот дијалект од многуте посетители од копното. Бројот на посетители од копното во Хонг Конг порасна повеќе од десет пати: од 4,4 милиони во 2001 на 47 милиони минатата година, што е три четвртини од сите странки посети.

Голем број од нив се „паралелни трговци“ кои доаѓаат во Хонг Конг да купуваат пакети со основни намирници, како што се пасти за заби и пелени и да ги носат на копното за да ги продаваат со заработувачка. Но, многумина се и работници во повисоките бизнис и финансиските ешалони.

За време на собирањата и продемократските митизни и помалоие, но насилни протести против паралелните трговци, мнозина се прашуваа дали економијата на Хонг Конг ќе страда. Хонконшките канцеларии на „големата четворка“ глобални финансиски компании – „Дилојт“, „Ернст енд Јанг“, ПВЦ и КПМГ – предупредија дека плановите на демонстрантите да го „окупираат“ Центарот или главната бизнис област, може да предизвика „непроценлива“ економска загуби заради прекинот на стоковата размена и финансиските услуги. Некој стравуваат дека кинеските туристи ќе го избегнуваат Хонг Конг заради антикинеските чувства кои владеат во градот.

Страдаат и некои трговци. Таков е „Лендмарк норт“, трговски центар во близина на границита со копното, кој како цел ги има купувачите од внатрешноста. Иако лоциран во релативно сиромашен крај, продавнците во молот нудат ексклузивна стока. Враќањето дома на копното на дамите натоварени со торби трае едвај половина час со автобус или со воз.

Но, во последно време таму има недостиг на клучниот дел од миксот: потрошувачи. Ова е проблем во целиот град. Годинава продажбата на часовници и накит опаднала за 16 проценти, па оттука е и проценката за пониски наемнини на простори за продавници. На некои локации во центарот, кафетерии и аптеки веќе ги заменија скапите продавници за накит и облека.

Но, поплаките на трговците почнаа многу пред да почнат заседнувањата на улиците минатата година. Економското забавување на копното и строгите антикорупциски кампањи, го пресушија апетитот за скапи производи. Продажбата на луксузни стоки е слаба уште од 2013 година, а минатата година таа опадна за 13 проценти. Падот и во приходите од туризам е исто така погрешно менаџиран.

Додека јенот и вонот изминатата година постепено слабееа во однос на хонконшкиот долар, патувањата до Јапонија и Јужна Кореја стануваа се попривлечни за патниците од копното – иако актуелната епидемија на Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) во Јужна Кореја може да го издишат ентузијазмот кај туристите за таа земја, барем за некое време.

Што се однесува до улогата на Хонг Конг како глобален бизнис и финансиски центар, запоседнувањето на улиците минатата година имаше се уште помало влијание. Всушност, кинеската Влада тргна да ја искористи таа ситуација. Во ноември за време на немирите, Шангај го отвори својот затворен пазар за секој странец кој има лиценца да работи како брокер во Хонг Конг.

Минатиот месец, копното најави заеднички фондови кои се по потекло од таа страна или од Хонг Конг, дека ќе можат да се продаваат на двата пазари, со што се даде поттик на хонконшката индустрија на управување со финансии. Копното исто го засили Хонг Конг како главен офшор центар за трговија со јуан, олесувајќи го протокот на кеш помеѓу пазарите на валути во градот и на копното.

Исто толку важни за финансиските врски помеѓу Хонг Конг и Кина се унапредените физички врски. Два џиновски инфраструктурни проекти, кои се испланирани неколку години пред протесите и по серија одложувања, се на пат на завршување во следните неколку години: супербрзата железничка врска на Хонг Конг со блискот град Шенжен, и 50 километри долгиот мост кој ќе го поврзе островот со копното.

Гоемите компании се опкладуваат на успехот на оваа интеграција. На презентација минатата недела, Стјуарт Гуливер, извршкиот директор на банката ХСБЦ, рече дека Хонг Конг и областа на копното околу делтата на реката Перла, може ефикасно да се искомбинира како еден мега град до 2025 година. Со тоа ќе се создаде најголемиот светски „банкарски градски кластер“.

Некои аналитичари сметаат дека е само прашање на време пред ХСБЦ да ја префрли својата централа од Лондон во Хонг Конг. Таквите озборување се знак дека, без разлика на сите предупредувања од големата четворка за минатата година, глобалните финаисии се уште имаат доверба во Хонг Конг и тоа најмалку благодарение на се посилната прегратка од мајката-копно.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше