Предупредување од ММФ: Прогнозите за светската економија се мрачни, особено во Европа

Од:

Изгледите за светската економија денес се уште помрачни отколку во октомври, особено во Европа, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Влошувањето се припишува на заострувањето на монетарната политика со која централните банки се обидуваат да ја спречат тврдоглаво високата инфлација и слабиот раст во Кина, континуираните нарушувања во набавките и несигурното снабдување со храна поради руската инвазија на Украина.

Во октомври меѓународниот заемодавател малку ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2023 година, од 2,9 на 2,7 отсто. Показателите „потврдуваат дека изгледите се помрачни, особено во Европа“, објави ММФ во блог пред самитот на Г-20 во Индонезија.

Индексите на менаџери за набавка, кои ја мерат активноста во индустријата и услужниот сектор, сигнализираат слабост во повеќето големи економии од Г-20. Активноста се лизга кон негативна територија, а инфлацијата и натаму е висока, посочува ММФ.

Влошувањето на енергетската криза во Европа сериозно ќе му наштети на растот и дополнително ќе го поттикне растот на цените, а доколку продолжи периодот на висока инфлација, централните банки би можеле да ги зголемат каматните стапки повеќе од очекуваното, а условите за финансирање би можеле да се заострат.

Тоа, пак, носи поголем ризик од должничка криза за ранливите економии, предупредува ММФ. На овие ризици им се придружува фрагментацијата на глобалната економија и временските катастрофи, заклучуваат тие.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ВИДЕО: Украина тврди дека Русија напаѓа и покрај едностраното примирје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев, најмалку двајца мртви

Катерина Ѓуровски

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

ВИДЕО: Хаос и во Русија и во Украина пред примирјето што го најави Путин

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, Украинците не се откажуваат од Курск

Катерина Ѓуровски