Предлогот за зголемување на акцизата на горивата оправдан за Владата, се подготвува уредба

Од:

Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека би настојувале да го прифатат предлогот на Стопанската комра на Македонија за зголемување на акцизата на нафтата и информира дека се изработува и предлог уредба заедно со Царинската управа, но оти конечната одлука ќе ја има Владата.

-Тој предлог е на маса, веќе изработуваме предлог уредба, Владата е колективен орган кој носи одлуки, знаете дека сите предлози што потекнуваат и што се на реална основа и како што сметаме дека е прифатливо и дека треба, земајќи предвид и пресметки и фискални импликации. Предлогот беше за два денара да се зголеми акцизата на нафата. Со Царинската управа работиме конкретно на предлогот и наскоро ќе излеземе со точна инфирмација, но би настојувале да го прифатиме предлогот од Стопанската комора бидејќи сметаме дека има оправданост во едни вакви услови кога има голем пад на цените на нафтата, меѓутоа секако и кога има и намалена побарувачка, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање.

Кризата, дополни, не е поттикната од тие сектори, односно од економски шок, туку е од здравствен шок кој се одразува заради преземањето на мерките на секоја држава да го заштити здравјето на граѓаните, рече Ангеловса, одговарајќи на новинарско прашање.

Во пакетот решенија за справување со економските проблеми Стопанската комора предлага за два денара да се зголеми акцизата за безоловниот бензин и евродизелот, а акцизата за екстра лесно гориво да се изедначи со акцизата за дизел горивото. Нивните пресметки покажуваат дека со предложените мерки од акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати месечно би се прибрале 3,8 милиони евра повеќе односно 46,2 милиони евра на годишно ниво.

Против предлогот за зголемување на акцизата на нафтените деривати е Асоцијацијата на превозници Макмтранс од каде оценија дека е нерационален и несолидарен.

Тие побараа Владата да не ја прифати предложената мерка, оценувајќи дека таа нема заштитен механизам за да се намали влијанието на цените на сите производи кои се превезуваат, а тоа, истакнуваат, може да е иницијална каписла за појава на инфлација која ќе нанесе штета на сите микро, мали и средни трговски друштва и земјоделците.

Како што појаснија од Макмтранс, зголемувањето на акцизата за нафтените деривати би значело постојната акциза за безоловен бензин да се зголеми за два денара на износ од 23,692 денари, акцизата за гасно масло кое се користи како погонско гориво (евродизел гориво) да се зголеми за два денара на износ од 17,121 денари, додека акцизата за гасното масло што се користи како гориво за греење (екстралесно гориво) да се изедначи со акцизата за дизел горивото , односно да изнесува 17,121 денари.

– Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво. Така, микро, малите и средни бизниси, земјоделците да се жртвуваат, а на олигарсите да не им фали ни влакно од главата. Се надеваме дека оваа тешка ситуација барем малку ви покажа колку се важни превозниците, земјоделците, колку се важни сите мали бизниси кои 80 отсто го полнеа буџетот, а притоа немаа пари и средства за луксузирање туку за преживување. Крајно време е после 30 години некој од политичките партии да им каже на олигарсите ДОСТА Е, вратете нешто во стопанството и немојте да барате преку леб погача, стои во писмото од Макамтранс до премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Од полноќ нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Поевтинуваат дел од горивата