Владата предлага продолжување на кризните состојби со топлинска и со електрична енергија

Од:

Владата на денешната седница ги усвои заклучоците, мерките и препораките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

„Согласно тоа, беше прифатен предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, до 30.4.2023 година.

Воедно, беше прифатен и предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, до 30.4.2023 година заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електричната енергија и за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, ќе бидат доставени на разгледување и одлучување до Собранието“, известуваат од Владата.

Како што се наведува во соопштението, на седницата бил разгледан и прифатен текстот на Меморандумот за соработка помеѓу DAI Global, LLC. и Владата на Република Северна Македонија, со кој се формализира соработката во рамки на Програмата за јакнење на отпорноста и дигитализација на критичната инфраструктура, управувана од DAI во име на УСАИД и Министерството за информатичко општество и администрација.

Со Меморандумот се предвидува техничка помош наменета за МИОА како претставник на Владата, за подобрување на превенцијата, подготвеноста, одговорот и закрепнувањето при соочување со заканите за сајбер безбедноста на критичната инфраструктура во Република Северна Македонија.

Пред министрите, покрај другото се најде и Информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за реконструкција на филтер станица за вода за пиење во Берово, подготвена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Согласно Стратешкиот план на ресорното Министерство за 2020-2022 година, меѓу приоритетните цели се: развивање на современа и модерна инфраструктура, односно изградба на канализациони системи за квалитетно собирање и одведување на отпадни води и приклучување на сите корисници на комуналната инфраструктура.

Со денешниот документ, до 2024 година се утврдува динамиката на реализација на реконструкцијата на филтер станицата за вода за пиење, која снабдува 10.000 жители во Општината Берово.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов