Пратениците дебатираат за намалувањето на ДДВ-то за струјата

Од:

Во рамки на 45. седница, Собранието попладнево започна со расправа по измените на Законот за додадена вредност, со којшто се предлага намалување на стапката од 18 на 5 проценти за прометот и увозот електричната енергија за домаќинствата за период од денот на влегување во сила на овој закон до 30 јуни 2022 година како и оданочување со даночна стапка од 10 проценти за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година.

Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата ќе го поддржи законот, но критикуваше дека власта не го прифатила нивните амандмани, како и дека и покрај тоа што данокот се намалува, не се намалува цената на струјата.

-Ова е намален данок, но не ја намалува цената на сметките на граѓаните. И тоа е многу релевантно прашање. Оваа Влада од почетокот на својот мандат работи на покачување на даноците, зголемени акцизи, зголемен данок на имот, најава за дополнителни зголемување на акцизите, рече Муцунски.

Според него, во однос на тоа што овие измени не се однесуваат на компаниите, за што беше одбиен амандман на ВМРО-ДПМНЕ, секој претставник на стопанската заедница ќе каже дека заради нивната ликвидност ќе им одговараше во овие тешки економски времиња и за нив да беше намалена стпаката на ДДВ за електрична енергија.

-Добро е што го правиме ова, лошата страна е што е доцна, што граѓаните ќе добијат овој месец повисоки сметки заради неодговорното работење и ненавременото антиципирање на тоа што се случува на пазарот. Догодина граѓаните повторно ќе бидат соочени и со повисоки сметки, рече Муцунски.

Панчо Минов, пратеник од СДСМ, рече дека има многу аргументи против тврдењето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека овие измени се нецелосни и оти ова се поврзува со работењето на МЕПСО и ЕВН.

-Од кога сум стапнат за пратеник, а тоа е подолго време моја заложба во сите фискални закони и во секоја расправа по буџетот да се залагам и застапувам за намалување на даноците. Тоа е основен критериум за квалитетна работа на Владата и на Парламентот. Со овој закон ние имаме за првпат намалување на ДДВ-то за електричната енергија и тоа треба да го промовирани и да го поздравиме и целосно како Парламент да го усвоиме, истакна Минов.

Минов рече дека не е точно тврдењето дека компаниите се оштетени со оваа одлука, туку дека ДДВ-то им се враќа на компаниите. И тој упати барање да се промени одлуката намаленото на ДДВ-то да не биде до следната година.

Дебатата за намалување на ДДВ-то ќе продолжи по паузата од еден час.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Со нашиот предлог ќе поевтинат над 250 категории прозиводи вели СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава