„Праскобер“ во Росоман

Од:

Со симболично откинување праска на плантажите на компанијата „Душан Ќириќ“, денеска во Росоман почна традиционалната манифестација „Праскобер“.

– Моментно во Росоманско има околу 700 хектари под праска, но површините постојано се зголемуваат. Расте и бројот на странските пазари каде што реализираме пласман. Има најави и за продажба на европските пазари. Со праската која претставува наш бренд одиме напред, а доказ за тоа е и оваа компанија со европски начин на производство, истакна градоначалникот Стојанче Лазов

Од околу 15 видови праска во Росоман, годинава се очекуваа околу 15 милиони килограми производство.

Според Кире Шошев, сопственик на „Душан Ќириќ“, нето цената за извоз е 80 центи за килограм.

– Цената ја диктираме ние, а не странците бидејќи ние произведуваме и кажуваме колку чини нашето производство. Странците ја прифаќаат таа цена. Го зголемуваме бројот на вработени и благодарни сме на Владата за субвенциите зашто со поддршката обезбедивме калибратор со кој секоја праска во гајбата е иста и се работи по стандардите на ЕУ, рече Шошев.

Би можело да ве интересира

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Ана Ололовска

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, драстичен пад кај индустриските култури

Ана Ололовска

Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Жарко Настоски