Праските „нектарина“ достигнаа 48 денари

Од:

До 48 денари достигна цената за килограм праски од сортата „нектарина“ што е рекордна сума сезонава во Росоман.

Како што соопшти денеска градоначалникот Стојанче Лазов, оваа цена е постигната во текот на вчерашниот ден на кванташкиот пазар во Росоман.

– Задоволни сме од родот на праските, пласманот и цената која засега е доста солидна. Одделните варијации за килограм зависат од понудата и квалитетот на праската. Пласман има, главно за извоз, изјави Лазов.

Во Росоманско се произведува еден процент од светското производство на праски.

Би можело да ве интересира

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Ана Ололовска

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, драстичен пад кај индустриските култури

Ана Ололовска

Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Жарко Настоски