Прашањето за отпуштање на јавни службеници во Грција останува отворено

Од:

Претставниците на меѓународните кредитори синоќа во Атина се сретнаа со грчкиот министер за административна реформа Антонис Манитакис, со кого разговараа за реформи во јавниот сектор, но и за намалување на бројот на државните службеници.

Повикувајќи се на свои извори, весникот „Катимерини“ пишува дека претставниците на тројката не извришле директен притисок врз Владата за ова прашање, но ги потсетиле грчките функционери на обврските на земјата од договорите аз помош, според кои повеќето од 25.000 државни службеници кои ќе бидат ставени во програмата за „резерва“ до крајот на годината, кога тогаш ќе мора си заминат од државниот сектор.

За ова прашање во повеќе детали повторно ќе биде разговарано на нова средба меѓу двете страни, која најверојатно ќе се одржи кон крајот на оваа недела.

Иако ја отфрли можноста за отпуштања, Манитакис неодамна укажа дека ќе повлече линија.

– Ние сме и ќе бидеме доследни во исполнувањето на сите обврски што сме ги презеле и кои сме ги потпишале, рече тој.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент