Повозрасните гастaрбајтери посиромашни од Германците

Од:

Гастарбајтерите во Германија постари од 65 години се во многу поголем процент сиромашни, за разлика од повозрасните Германци по род, покажуваат резултатите од истражувањето на фондацијата „Ханс Беклер“.

Според ова истражување, во 2011 година имало 41,5 отсто странци повозрасни од 65 години со месечни заработувачки помали од 848 евра, што претставува граница на сиромаштијата.

Оној што живее како самец од оваа сума на пари се вбројува во сиромашен. Кај Германците ситуацијата е значително подобра.

Меѓу Германци по род постари од 65 години само 13,3 отсто имаат толку ниска заработувачка.

Ваквиот статус на повозрасните гастарбајтери, експертите го поврзуваат со разликите во платите за време на работниот век.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати