Повисоки продажните цени на производителите на индустриски производи

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август годинава се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво, односно за 0,5% на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во август 2017, во споредба со јули 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 отсто, капитални производи за 0,3 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и Енергија за 0,1 отсто.

Во август 2017, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за три проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 1,9 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата