Повисоки цените на производителите на индустриски производи

Од:

Продажните цени на производителите
на индустриски производи во февруари годинава се повисоки за 0,8 отсто на месечно ниво, а за 4,5 отсто на годишно ниво.

Државниот завод за статистика објави дека во февруари 2017, во споредба со јануари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 3,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,8 отсто.

Во февруари 2017, во споредба со февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 30 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,8 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а за 9 отсто на годишно ниво.

Во февруари 2017, во споредба со јануари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,5 отсто.

Во февруари 2017, во споредба со февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 43,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 5,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата