Повисоки цените на индустриските производители на домашниот пазар

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември годинава се повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво, односно за 0,6 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во септември 2017, во споредба со август 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 отсто и Енергија за 0,2 отсто.

Во септември 2017, во споредба со септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 3,1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,0 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата