Потпишан договорот меѓу раководството на САСА и синдикатите за зголемување на платите на сите вработени

Од:

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), Сојузот на синдикати на Македонија и Рудникот за Олово и цинк Саса потпишаа спогодба согласувајќи се на понудата за зголемување на платата која што компанијата ја достави до синдикатот на 26ти април.

„Многу ни е мило што успеавме да постигнеме пријателски договор со МЕСО, кој што претставува фер понуда за нашите вработени. Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, Централ Азија Металс, веруваат дека со оваа прифатена понуда се решава суштинскиот од проблемите поврзани со наградувањето и исплатата на вработените, кои што беа наследени од претходните сопственици и се надеваат дека соработката со тимот ќе продолжи и во иднина со цел изградба на успешна иднина на рудникот. Се надеваме дека ќе можеме да ја извршиме исплатата на зголемувањето за април и ретроактивно за месец март со исплаќањето на априлската плата, кое ќе се реализира во текот на денешниот ден. Дискусиите со МЕСО за други прашања во Саса ќе продолжат“, изјави Неил Стевенсон, генерален директор на Саса.

Со потпишаната спогодба завршуваат преговорите меѓу раководството на рудникот и овластените претставници на синдикатот започнати кон средината на минатиот месец. Истовремено, синдикатите се обрзуваат дека и формално ќе го прекинат штрајкот кој беше ставен во мирување кога започнаа преговорите.

Би можело да ве интересира

САСА ја поправи и зајакна оштетената брана и започна со чистење на Каменичка река

Ана Ололовска

Глоба од 50.000 евра за САСА, 15.000 евра за одговорното лице и спроведување мерки по истекот на јаловиштето

Ана Ололовска

Рударот од „Саса“ со лесни повреди, тврди компанијата

Наум Локоски

Повреден работник во рудникот Саса

Наум Локоски

Заштитата на животната средина приоритет за рудникот Саса

Наум Локоски

САСА ќе стипендира студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

Ана Ололовска