Постапка против менаџер осомничен за затајување 2,8 милиона денари

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело затајување во согласност со член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 4.2.2026 година во повеќе наврати одзел парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф, ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин осомничениот незаконски присвоил 2.783.867 денари и ја оштетил компанијата во која работел.

– Кога бил откриен, тој веднаш бил отстранет од работното место, јавниот обвинител предложи и дополнителни мерки на претпазливост во текот на постапката – забрана за напуштање живеалиште, обврска да се јавува во судот и привремено одземање на пасошот. Притоа Обвинителството го имаше предвид ризикот од бегство, како и фактот дека осомничениот сè уште ги крие и не ги враќа противправно одземените пари на правното лице – наведува Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции

One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа

Во текот на следната недела се очекува силна промена на цените на нафтата во светот

Стоименов: Одржливи решенија за игрите на среќа, а не за гол популизам кој ќе ја втурне државата во хаос

Предраг Петровиќ

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците

БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик