Поскапуваат горивата за денар ипол

Од:

Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 86,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 88,50 ден/лит, а дизелот ќе се продава по цена од 81 ден/литар. Малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 80,50 ден/лит.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена и од полноќ тој ќе чини 46,592 ден/кг.

Новата одлука за зголемување на цените, од РКЕ ја образложуваат со зголемувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот

Поскапи горива од полноќ

Нова повисока цена на горивата

А1он

Поскапува дизелот

Повисоки цени на горивата од полноќ

Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС-98

Горан Наумовски