Поскапуваат горивата

Од:

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, а за толку ќе поскапи и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 79,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,50, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 за 76 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,439 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,226 проценти, кај дизелот за 3,056 проценти, кај екстра лесното масло за 2,590 проценти и кај мазутот намалувањето е за 1,212 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој биле формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,248 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Поскапува дизелот

Поскапи горива од полноќ

Поскапува дизелот

Повисоки цени на горивата од полноќ

Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС-98

Горан Наумовски