Поскапуваат бензините и дизел горивата

Од:

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден и пол денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 75,а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 74,50 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 41,732 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,733%, кај дизелот за 3,253%, кај екстра лесното масло за 2,343% и кај мазутот намалувањето е за 1,289%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка, потенцираат од РКЕ, е повисок за 0,551 проценти.

Би можело да ве интересира

Од полноќ поевтини горива

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Поскапува дизелот

Поскапи горива од полноќ

Поскапува дизелот