По бензините, струјата и парното, во септември поскапува и лебот. Најверојатно не очекува и поскапување на тестенините.
Како што А1 веќе објави, лебот ќе поскапи за околу 10 проценти. Ова е барање на мелничарите. Ова би значело поскапување на векна леб за 2,5 денари.
Значи од септември оној леб кој го купувавте за 25 денари, сега за него ќе треба да одвоите 28 денари.
Во Министерството за земјоделство тврдат дека во случај на пазарни нарушувања или недостиг на одреден производ, можно е Агенцијата за стокови резерви да интервенира со одредена количина од државните резерви.
Последниот збор за ова го има Владата.