Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 18.3.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,561%, кај дизелот за 1,568%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,974% и кај мазутот зголемувањето е за 2,307%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,305%.

Од 23.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,797 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.3.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

Горан Наумовски

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

СДСМ: Ние намаливме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Горан Наумовски